Инвеститорите бегаат во „сигурни валути“: Доларот расте втора недела по ред
На светските финансиски пазари американскиот долар зајакна втора недела по ред, бидејќи ескалацијата на кризата на Блискиот Исток ги натера инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за капиталот.Доларскиот индекс, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 1,6 проценти и достигна 100,49 поени.Во однос на евро, американската валута зајакна за 1,7 проценти, па курсот се спушти на 1,1415 долари за евро. Доларот се засили и...