Караница околу децата прераснала во физичка пресметка меѓу јатрви
Триесет и четиригодишна жена од гостиварско село е лишена од слобода поради сомнение дека физички ја нападнала својата јатрва по претходна семејна расправија.Од СВР Тетово информираат дека на 1 јуни во 21:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате ја привеле жената, постапувајќи по претходна пријава.Според пријавеното, во 17:20 часот во ОВР Гостивар, 39-годишна жена пријавила дека ден претходно, на 31 мај, во заедничката семејна куќа во гостиварско село, по расправија поврзана...