Кривична за Делчевец кој намерно подметнал шумски пожар, оштетени девет парцели во делчевско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М. (60) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 април 2026 година, на местото викано „Тафрачко Маало“ во селото Бигла, Делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар.Во пожарот биле оштетени површини што припаѓаат на девет сопственици на катастарски парцели во селото Бигла.

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Кривична за Делчевец кој намерно подметнал шумски пожар, оштетени девет парцели во делчевско


Сподели преку

„Првото возило бесплатно, третото е луксуз – воведуваме ред во паркирањето во Центар“, вели Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави нови правила за паркирање со кои, како што рече, треба да се воведе повеќе ред и фер користење на паркинг-просторот во најфреквентната општина во државата.Во гостување во Дневникот на Сител телевизија, Герасимовски истакна дека првото возило за жителите на Центар ќе остане бесплатно, додека за второто ќе се наплаќа, а третото возило ќе се третира како луксуз.„Недозволиво е во еден стан да има три или четири автомобили и потоа да се чу...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

„Првото возило бесплатно, третото е луксуз – воведуваме ред во паркирањето во Центар“, вели Герасимовски


Сподели преку

Вештачката интелигенција на „Гугл“ не знае која година следува

Вештачката интелигенција на „Гугл“ повторно стана мета на потсмев на интернет, откако корисници открија дека системот AI Overviews понекогаш не знае која година следува.Како што било забележано на Bluesky, ако во пребарувачот се внесе прашањето „дали следната година е 2027“, AI Overviews повремено тврди дека 2027 година доаѓа дури за две години.Уште поинтересно е што ова, според корисниците, не е нов проблем. Кога успеваат да го натераат системот да даде погрешен одговор, AI Overviews цитира ста...

пред 2 седмици | 5
skopje1.mk

Вештачката интелигенција на „Гугл“ не знае која година следува


Сподели преку

Светски ден без тутун: Алиу најави поголема достапност на терапии за одвикнување

Министерот за здравство, Арбен Алиу, по повод одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2026 година, најави нови активности за зајакнување на системот за поддршка на граѓаните кои сакаат да се откажат од пушењето.На заедничката прес-конференција со Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје и други партнери, Алиу посочи дека годинашното мото е насочено кон разоткривање на привлечноста и зависноста од никотин и тутун.Тој информираше дека Министерството за здравство, во сорабо...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Светски ден без тутун: Алиу најави поголема достапност на терапии за одвикнување


Сподели преку

Киев ги отфрли тврдењата дека САД ја евакуирале амбасадата во Украина

Министерството за надворешни работи на Украина ги отфрли тврдењата на Каја Калас дека амбасадата на САД била единствената дипломатска мисија што ја напуштила Украина по најновите закани од Русија.Министерството нагласи дека американската амбасада не ја напуштила Украина.„Извештаите за заминување на амбасадата на САД не се точни“, им изјавил на новинарите Георгиј Тихиј, портпарол на украинското Министерство за надворешни работи.Претходно, пред неформалниот состанок на Советот за надворешни работи...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Киев ги отфрли тврдењата дека САД ја евакуирале амбасадата во Украина


Сподели преку

Жена останала заглавена во вратата од автобус и била влечена по улица во Белград

Седумдесет и седумгодишна жена утрово се здобила со тешки повреди при излегување од автобус во белградската населба Земун, откако останала приклештена од вратата на возилото.Според информациите на српските медиуми, автобусот продолжил да се движи додека дел од телото на жената останал заглавен во вратата, по што таа била влечена по улицата. Во еден момент паднала на коловозот и се здобила со повеќекратни повреди на главата и телото.Несреќата се случила утрово околу 8:50 часот во улицата „20 Окто...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Жена останала заглавена во вратата од автобус и била влечена по улица во Белград


Сподели преку

Полицијата со кучиња за експлозиви проверува училишта во Загреб по дојави за бомби

Неколку основни и средни училишта во Загреб утрово добија закани за поставени бомби, по што веднаш била организирана евакуација на учениците и вработените.Информацијата ја потврдија повеќе училишта, чии директори презеле итни безбедносни мерки додека траат антиексплозивните проверки на објектите.На терен се испратени полициски екипи и кучиња обучени за откривање експлозиви, а инспекциите се во тек.Засега нема официјална потврда од Полициската управа во Загреб дали по завршувањето на проверките н...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Полицијата со кучиња за експлозиви проверува училишта во Загреб по дојави за бомби


Сподели преку

Невреме пустошеше низ Словенија: ветер корнеше покриви, град оштети објекти

Словенија се соочи со силно невреме, проследено со поројни дождови, грмотевици, силен ветер и град, при што најголеми штети беа пријавени во источните делови на земјата и во регионот околу Марибор.Според словенечките медиуми, ветерот на повеќе места откорнувал покриви, уривал дрвја и електрични столбови, додека пожарникарските служби интервенирале на бројни локации. Оштетувања биле регистрирани и на објекти, меѓу кои и на зградата на Универзитетскиот клинички центар во Марибор.Градот на одредени...

пред 2 седмици | 9
skopje1.mk

Невреме пустошеше низ Словенија: ветер корнеше покриви, град оштети објекти


Сподели преку

Се трага по исчезната жена со деменција, последно видена во Црниче

Златица Бојчевска преку социјалните мрежи објави апел за помош во потрагата по нејзината мајка, која исчезнала на 26 мај околу 3:15 часот.Според објавата, жената била последно видена во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“, а подоцна и во населбата Црниче, во близина на „Рептил маркет“.Семејството информира дека исчезнатата жена има деменција и во моментот на исчезнувањето била облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели пруги.За какви било информации, семејството апелира граѓанит...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Се трага по исчезната жена со деменција, последно видена во Црниче


Сподели преку

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата, предводена од Христијан Мицкоски, признава дека нема финансиски средства за организирање референдум, додека истовремено, според партијата, троши пари за сомнителни тендери и луксузни набавки.Од партијата велат дека ова е уште една потврда дека во буџетот недостигаат средства и покрај секојдневното задолжување на државата.„Има пари само за криминалната група ВМРО“, наведуваат од СДСМ.Во соопштението СДСМ тврди дека постојат милионски тендери доделени на...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион


Сподели преку

Аналитичарите очекуваат нов пад на цената на среброто

Светските пазари на благородни метали бележат зголемена неизвесност околу идното движење на среброто, откако рекордниот раст на цената почна сериозно да ја намалува побарувачката во индустријата и кај инвеститорите.Среброто, кое има широка примена во производството на електроника, соларни панели, автомобили и мобилни телефони, е многу почувствително на економските циклуси отколку златото. Токму поради тоа, аналитичарите предупредуваат дека високите цени почнуваат негативно да влијаат врз пазарот...

пред 2 седмици | 4
skopje1.mk

Аналитичарите очекуваат нов пад на цената на среброто


Сподели преку

Речиси 500.000 руски војници загинале во Украина

Директорката на британската разузнавачка агенција GCHQ, Ен Кист-Батлер, изјави дека од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година загинале речиси 500.000 руски војници.Кист-Батлер овие информации ги изнесе во своето прво јавно обраќање, во кое говореше за заканите со кои се соочува Велика Британија. Таа предупреди дека земјата се наоѓа во клучен момент и ја обвини Русија дека постојано таргетира критична инфраструктура, демократски процеси, синџири на снабдување и јавна доверба.Таа...

пред 2 седмици | 4
skopje1.mk

Речиси 500.000 руски војници загинале во Украина


Сподели преку

(Видео) Трагедија: Жена загина по пожар во куќа во скопска Пинтија

Осумдесет и петгодишна жена загина во пожар што ноќеска избувнал во семејна куќа во скопската населба Пинтија.Според неофицијални информации на „Скопје1“, пожарот избувнал на долниот кат од куќата, а жената не успеала навреме да се извлече.Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт на местото, додека на други лица им била укажана прва помош.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во 01:48 часот.„Во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и не...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

(Видео) Трагедија: Жена загина по пожар во куќа во скопска Пинтија


Сподели преку

Австралија го продолжи карантинот за патниците од крузер со хантавирус

Австралискиот министер за здравство Марк Батлер изјави дека карантинот за патниците кои биле вратени во земјата од крузерот „Хондиус“, на кој се појавил хантавирус, ќе биде продолжен на вкупно 42 дена.„Патниците се известени за препораките и одлуката на владата. Мило ми е што можам да кажам дека и натаму се чувствуваат добро“, изјавил Батлер.Тој додал дека карантинот ќе трае до 23 јуни.Во објект во близина на Перт, во државата Западна Австралија, од 15 мај во карантин се наоѓаат четворица австра...

пред 2 седмици | 5
skopje1.mk

Австралија го продолжи карантинот за патниците од крузер со хантавирус


Сподели преку

Нова ескалација меѓу САД и Иран: Напади со дронови и закани за Ормускиот теснец

Иранската револуционерна гарда соопшти дека целела американска воздушна база, откако американската војска извршила напади насочени кон иранска операција со дронови во близина на Ормускиот теснец.Ескалацијата се случила само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли извештаите дека е блиску до компромисен договор со Иран.Новото заострување дополнително го загрозува кревкото примирје меѓу САД и Иран, кое стапи во сила на почетокот на април, а воедно повторно ги зголеми ц...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Нова ескалација меѓу САД и Иран: Напади со дронови и закани за Ормускиот теснец


Сподели преку

„Исто како Заев, за власт Филипче е спремен да ги прифати пошироките бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е подготвен да ги прифати пошироките бугарски барања кои, според партијата, навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.Од партијата велат дека Филипче, „заслепен од желбата за власт“, верува дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е последната пречка на патот кон Европската Унија, и покрај, како што наведуваат, јавните ставови на официјална Софија.Во соопштението се по...

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

„Исто како Заев, за власт Филипче е спремен да ги прифати пошироките бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ


Сподели преку

Најмалку шестмина загинаа во израелски напад на југот на Либан

Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинале во израелски напад со дрон врз автопатот Адлун во областа Наби Сарија на југот на Либан, јави либанската Национална новинска агенција.Според агенцијата, жртвите, наводно членови на исто семејство, загинале додека во зори се обидувале да побегнат на безбедно.Нападот се случил на клучна крајбрежна делница од главниот автопат што ги поврзува градовите Сидон и Тир.Овој напад следувал откако израелската армија издала нови наредби за присилна евакуација шт...

пред 2 седмици | 4
skopje1.mk

Најмалку шестмина загинаа во израелски напад на југот на Либан


Сподели преку

Крадец затекнат во бања при кражба во Белград, носел 14.000 евра

Припадници на белградската полиција денеска во Сурчин го уапсиле Ч. С. (56), непосредно откако, според сомнежите, провалил во семејна куќа.Со брза и ефикасна акција на терен, оперативците утврдиле дека станува збор за сериски провалник по кого веќе била распишана потерница.Осомничениот веднаш по приведувањето признал повеќе тешки кражби на територијата на оваа белградска општина.Апсењето следело по брза дојава и експресна реакција на полициската патрола, која пристигнала на местото за само некол...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Крадец затекнат во бања при кражба во Белград, носел 14.000 евра


Сподели преку

ДУИ на средба со американски конгресмен за Охридскиот договор

Делегација на Демократска унија за интеграција, предводена од партискиот лидер Али Ахмети,соопшти дека остварила средба со американскиот конгресмен Кит Селф.На средбата се разговарало за политичките состојби во Македонија, значењето на Охридски рамковен договор, како и за, како што наведуваат од ДУИ, загриженоста околу неговата ерозија во институциите, стои во соопштението од ДУИ.Во соопштението стои дека соговорниците оцениле дека Охридскиот договор останува темел на мирот, соживотот и мултиетн...

пред 2 седмици | 1
skopje1.mk

ДУИ на средба со американски конгресмен за Охридскиот договор


Сподели преку

Со „еден билет“ за воз низ Европа, возот станува конкуренција на евтините летови

Европската Унија подготвува голема промена во железничкиот сообраќај со која патувањето со воз низ Европа би можело да стане едноставно како резервирање авионски билет. Новиот предлог на Европската комисија, наречен „едно патување, еден билет“, има цел да ја направи железницата сериозна конкуренција на нискобуџетните авиокомпании и значително да го олесни прекуграничното патување за европските граѓани.Според планот, патниците би можеле преку една платформа да пребаруваат, резервираат и плаќаат к...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Со „еден билет“ за воз низ Европа, возот станува конкуренција на евтините летови


Сподели преку

(Видео) Возење на едно тркало и со прекумерна брзина на паркингот на „Охрид Мол“

„Охрид Мол“ преку објава на социјалните мрежи информираше дека во изминатиот период биле забележани повеќе случаи на несовесно и опасно управување со мотори во рамките на паркинг-просторот на трговскиот центар.Според нив, станува збор за возење со прекумерна брзина, возење на едно тркало, изведување ризични маневри и паркирање на несоодветни места, со што, како што наведуваат, директно се загрозува безбедноста на посетителите, закупците и вработените.Од трговскиот центар посочуваат дека сите вак...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

(Видео) Возење на едно тркало и со прекумерна брзина на паркингот на „Охрид Мол“


Сподели преку

Цените на нафтата паднаа по шпекулациите за отворање на Ормутскиот теснец

Новите геополитички тензии и неизвесноста околу состојбата на Блискиот Исток повторно силно влијаат врз светските нафтени пазари, при што цената на нафтата вчера се намали по шпекулациите дека би можело да дојде до отворање на Ормутскиот теснец.На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневните часови се намалила за 3,42 долари и изнесувала 96,16 долари. На американскиот пазар барелот поевтинил за 3,74 долари и се тргувал по цена од 90,15 долари.Пазарите внимателно ги следат сигналите од Со...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Цените на нафтата паднаа по шпекулациите за отворање на Ормутскиот теснец


Сподели преку

Иран порача: Нема да се откажеме од нашите црвени линии

Иран нема да се откаже од своите црвени линии, како што се правото на збогатување ураниум, задржувањето на збогатениот ураниум, контролата врз Ормутскиот теснец и укинувањето на санкциите, изјави шефот на парламентарниот Одбор за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи.„Јасно е дека Трамп еден ден користи закани за да се извлече од оваа стратешка пат-позиција, а веќе следниот ден моли за договор“, напиша Азизи на платформата Икс.Американскиот претседател Доналд Трамп во средат...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Иран порача: Нема да се откажеме од нашите црвени линии


Сподели преку

Скопјанка апелира за повеќе „Safe City“ камери во Аеродром: Булеварите по полноќ стануваат тркачка патека

Скопјанката Драгана Костиќ преку социјалните мрежи упати јавен апел до Министерството за внатрешни работи и надлежните институции, предупредувајќи на опасно и брзо возење на булеварите во близина на комплексот Џевахир Скај Сити.Според нејзината објава, на потегот од крстот кај Џевахир кон Булевар „Србија“ речиси секоја вечер, особено по полноќ, се организирале трки со автомобили и мотори.„Автомобили и мотори буквално ‘летаат’ по булеварот, без никаква контрола“, напиша Костиќ.Таа посочува дека о...

пред 2 седмици | 3
skopje1.mk

Скопјанка апелира за повеќе „Safe City“ камери во Аеродром: Булеварите по полноќ стануваат тркачка патека


Сподели преку