Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР
Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска оствари средба со Михалис Рокас, на која била потврдена континуираната поддршка од Европска Унија за реформите и јакнењето на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.На средбата била оценета како одлична досегашната соработка меѓу МВР и Европската Унија, особено во делот на реализацијата на проекти преку ИПА инструментот за претпристапна помош и активностите предвидени со Реформската агенда.Тошковски се заблагодарил за поддршката...