Струмичанката Тина Русева ја објави првата „Своја“ авторска песна
Младата и веќе препознатлива македонска пејачка од Струмица, Тина Русева, пред малку на YouTube ја објави својата прва авторска песна на македонски јазик со наслов „Своја“, проследена со видео спот. По повод објавувањето на песната, Тина сподели дека „Своја“ е проект што долго време го носела во себе и дека посебно се радува што конечно го споделува со публиката. Според неа, песната е посветена на сите кои остануваат верни на себе, не се менуваат за другите и храбро го следат својот сон. Музикат...