Грција ја предупреди Албанија: Без почитување на малцинските права нема напредок кон ЕУ
Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, порача дека Албанија мора целосно да ги почитува имотните права на грчкото малцинство доколку сака да напредува на патот кон членство во Европската Унија.Како што пренесува „Екатимерини“, Герапетритис во обраќање пред грчкиот парламент истакнал дека Атина внимателно ја следи ситуацијата во Албанија, особено во контекст на протестите против контроверзен инвестициски проект на јадранското крајбрежје северно од Валона.Проектот, кој е поврз...