Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се одржа во присуство на Н.Е. Амбасадорот на Шведска, Ола Солстром, и Н.Е. Амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер, како и градоначалници од повеќе општини. На состанокот се дискутираше за градење поотпорни, поодговорни и транспарентни локални з...