Денеска е Велика сабота – Ден од Страдалната Седмица
Велика Сабота е ден од Страдалната Седмица. Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната Седмица, односно 7 дена по Лазаровата Сабота и шест по Цветници. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето...