Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“
Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и наука. Локацијата денеска ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, кои од надлежните добија информации за текот и динамиката на градежните работи. Проектот опфаќа изградба на отворени повеќенамен...