Меџити: Почнува реконструкцијата што ќе ја разубави Старата чаршија
Општина Чаир денеска официјално ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџиска“, како и на уште пет помали улици во Старата скопска чаршија – еден од најзначајните културно-историски локалитети во главниот град. Настанот е закажан за претпладне, а на него се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и неговото значење за локалната заедница и зачувувањето на културното наследство. Улицата „Самарџиска“, која некогаш била с...