(Видео) Опасност од експлозија во Јужна Калифорнија: десетици илјади жители евакуирани
Спасувачките екипи во Јужна Калифорнија продолжуваат со трката со времето за да спречат истекување или катастрофална експлозија на огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија, поради што десетици илјади жители остануваат евакуирани.Околу 50.000 луѓе во округот Оринџ добиле наредба за евакуација, а гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба.Проблемот бил откриен во фабриката на компанијата „ГКН Аероспејс“ во Гарден Гроув, каде што спасувачките тимови забележале пукна...