Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола
Во ТИРЗ Жабени – Битола е во тек изградбата на нов производствен објект на компанијата Brainchild, а изведбата на проектот ја реализира градежната компанија Стентон Градба, која е ангажирана на терен во спроведувањето на оваа значајна индустриска инвестиција. Станува збор за објект за лесна и незагадувачка индустрија, односно капацитет од текстилната индустрија, лоциран во КО Породин, во рамки на јужната индустриска зона Жабени. Локацијата овозможува поволна поврзаност и пристапност, со оглед н...