Полицијата не повикала социјални работници кога Ивана била нападната на Клиника, тврди ресорниот синдикат
Синдикалната гранкова организација при САДУ на Центрите за социјална работа во Македонија ги демантираше тврдењата дека стручни лица од Центарот биле присутни кога Ивана наводно била нападната од сопругот Стојанче Јовановски додека била на лекување во Клиничкиот центар, инцидент кој според одредени медиуми го гледала и нејзината ќерка Катја. Станува збор за мајката и детето кои трагично го загубија животот по пад од балкон во скопската населба Карпош.Од синдикатот соопштија дека во јавноста се п...