Млади угостители од Југоисточниот регион ги покажаа своите кулинарски вештини на натпреварот „Tasty“ во Струмица
Во Струмица денеска се одржа третиот натпревар за млади угостители „Tasty“, во организација на Здружението за афирмација на млади угостители „Ескофиер“ од Струмица. На натпреварот учествуваа триесетина ученици од средните училишта со угостителски струки од Југоисточниот регион на Македонија, кои преку подготовка на различни јадења имаа можност да ја покажат својата креативност, умешност и професионалност во кулинарството. Целта на овој настан е да се поттикне интересот кај младите за угостителск...