(Видео) Војник спречи поголема катастрофа кај Кале – со повреди извлекувал возила од пожар
Припадник на Армијата на Република Македонија со брза и пожртвувана реакција спречи поголема материјална штета при пожар што избувнал кај стариот полигон под Кале во Скопје.„На поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник Христијан Божиновски, при заминување од работното место, забележал дека неколку паркирани возила се зафатени од пламен.Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз остан...