Почина член на групата „Дивље јагоде“
Во Бихаќ вчера почина Нихад Јусуфхоџиќ, музичар и еден од основачите на бендот „Дивље јагоде“.Јусуфхоџиќ во последните месеци се лекувал во Кантоналната болница во Бихаќ, а граѓаните за него претходно организирале и акции за дарување крв, пишува Klix.ba.Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции во музичките кругови, особено меѓу поранешните членови и соработници на бендот. Од Јусуфхоџиќ се прости и пејачот Анте Јанковиќ, кој се присети на долгогодишното пријателство и заедничките музички...