По првиот голем пожар годинава на Плачковица, уапсен радовишанец, изгорела шума и викенд-куќа
64-годишен жител на Радовиш е лишен од слобода под сомнение дека предизвикал пожар на планината Плачковица, при што биле зафатени шумска површина и една викенд-куќа, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за пожар кој е прв поголем оваа година, со кој се справуваа противпожарните бригади.„На 08.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опаснос...