Адвокатот на Штекли: Обвинителството не докажа ништо, постапката со сериозни пропусти
Со низа забелешки за, како што оцени, сериозни пропусти во постапката, одбраната на Раде Трајковски-Штекли ги изнесе завршните зборови пред судот, тврдејќи дека обвинителството не успеало да ја докаже обвинителната теорија.Адвокатот посочи дека обвинението не е поткрепено со релевантни докази и факти, нагласувајќи дека при претресот во возилото „ауди“ на обвинетиот не било пронајдено ништо сомнително.Дополнително, одбраната укажа на повреда на правата на обвинетиот, особено во делот на неговата...