Комуналец – Прилеп: Пролетната магија на јапонските цреши му дава посебен шарм на градот
Прилеп деновиве блеска во пролетна убавина, а посебен белег на градот му даваат расцветаните јапонски цреши, кои со својата нежна розова боја создаваат вистинска природна идилија. Овие дрвја се засадени во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески, симболизирајќи љубов, спомен и трајна вредност за градот. Од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп истакнуваат дека континуирано работат на одржување на јавните површини, со цел градот да остане чист, уреден и пријатен за живеење. Особено внимание се посв...