Заврши судењето за тројцата полицајци од Кочани, од Здружението 16 март порачаа: Ова е почеток, не крај
Вчера заврши судењето против тројцата полициски службеници од Кочани обвинети за неизвршување службена должност во случајот поврзан со дискотеката „Пулс“. Судот најави дека пресудата ќе биде објавена на 5 мај. Обвинетите се товарат дека при контроли во угостителскиот објект не постапиле согласно законските обврски, со што, според обвинението, овозможиле неправилности и прибавување корист за правно лице.Од „Здружението 16 март“ велат дека очекуваат правда за 63-те жртви и нивните семејства.„Заврш...