(Видео) Го лажел дека ќе и помогне на жена му за лекување во странство, па му земал над 88.000 евра, а таа починала

Денеска (30.04.2026), на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е Б.К. (44) од Прилеп.По претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот.Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда лице од Валандово, прикажувајќи лаж...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

(Видео) Го лажел дека ќе и помогне на жена му за лекување во странство, па му земал над 88.000 евра, а таа починала


Сподели преку

(Фото) Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес

Денеска (30.04.2026) во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено е дека на автопатот Скопје-Велес кај м.в „Манастири“ има излетано возило од автопат.На лице место на настанот веднаш се упатени служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронајдоа излетано патничко возило „Сеат" кое што било управувано од К.С (68) од Велес и во истото имало пет сопатници.На место на настанот се упатени и една екип...

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

(Фото) Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес


Сподели преку

Вучиќ: Избори или на 12 јули, или од октомври до крајот на ноември

 Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека за датумот на изборите сè уште не е донесена конечна одлука.„Изборите ќе бидат или на 12 јули, или од октомври до крајот на ноември. Ќе се водиме од државните интереси“, рече Вучиќ.Тој нагласи дека изборите ќе бидат демократски и дека ќе се почитуваат сите препораки на ОДИХР, а народот ќе одлучи што сака.

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Вучиќ: Избори или на 12 јули, или од октомври до крајот на ноември


Сподели преку

Трендафилов повика на протест: Трудот не се цени и не се плаќа достоинствено

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, упати отворено писмо до работниците во кое повикува на засилена работничка борба, нагласувајќи дека трудот во државата сè уште не е соодветно вреднуван и дека работничките права се под притисок. Тој предупреди дека многу работници се соочуваат со ниски плати, несигурни работни услови и прекувремена работа која не се плаќа, и повика на протест.Писмото ви го пренесуваме во целост„Почитувани колешки и колеги,Почитувани сес...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Трендафилов повика на протест: Трудот не се цени и не се плаќа достоинствено


Сподели преку

Жерновски: Секогаш кога на власт доаѓа ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа и цензурата

Македонија забележа пад на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, паѓајќи од 42-то на 45-то место и се најде во групата земји со „проблематична“ состојба. Иако вкупниот резултат останува ист, земјата бележи влошување кај сите главни индикатори што ја мерат слободата на медиумите, вклучувајќи ги правните, политичките и економските аспекти. Андреј Жерновски од СДСМ вели дека секогаш кога на власт доаѓа ВМРО-ДПМНЕ со неа доаѓа и цензурата.„Нов пад, овојпат од уште три места и...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Жерновски: Секогаш кога на власт доаѓа ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа и цензурата


Сподели преку

ЈСП денес ќе сообраќа по неделен возен ред

ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година - 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.„На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот.Во сабота (02.05.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во...

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

ЈСП денес ќе сообраќа по неделен возен ред


Сподели преку

Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините

Владата информира дека по разговори со компанијата ОКТА и заради ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година.„Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани”, информираат од Владата.Од Владата порачуваат дека остануваат посветени на носење навремени и ефективни мерки за заштита...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините


Сподели преку

Терористичката закана во Британија подигната на „сериозно“ ниво

Ниво на терористичка закана во Обединето Кралство денеска е подигнато од „значајно“ на „сериозно“, што значи дека напад е „многу веројатен во следните шест месеци“, соопшти Заедничкиот центар за анализа на тероризмот.Како што се наведува, одлуката е донесена по напад со нож во лондонската населба Голдерс Грин, но и поради поширок пораст на закани од исламистички и екстремно десничарски тероризам, кои доаѓаат од поединци и помали групи во земјата.Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд изј...

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

Терористичката закана во Британија подигната на „сериозно“ ниво


Сподели преку

Уапсен Турчин кој се барал со потерница

На 29.04.2026 во 15:30 часот во с.Визбегово, скопско полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек за меѓународни потраги, во координација со ОЈО Скопје, го лишија од слобода А.Џ.А.(26) од Турција, баран со потерница распишана од страна на Турција. Тој е предаден на ОЈО Скопје, а потоа спроведен до Основен кривичен суд - Скопје.На лицето му е одреден екстрадициски притвор во редовна постапка и истиот е спроведен во КПУ затвор Скопје.

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

Уапсен Турчин кој се барал со потерница


Сподели преку

Фрчкоски: Со укинувањето на Пржинската влада, ВМРО го урниса и последниот бедем за фер и демократски избори

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, укажа дека со носењето на последните измени на Законот за Влада и укинувањето на Пржинската влада, владата на ВМРО го урниса и последниот бедем за фер и демократски избори. Фрчкоски посочи дека со ваквиот потег се урива еден од клучните механизми за изборен баланс и контрола, воведен со консензус и под меѓународен мониторинг.„Вчера практично се урниса и последниот бедем или нормален предуслов за...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Фрчкоски: Со укинувањето на Пржинската влада, ВМРО го урниса и последниот бедем за фер и демократски избори


Сподели преку

Израелска одбранбена компанија преговара за купување фабрика на „Фолксваген“ во Германија

Израелската одбранбена компанија „Рафаел напредни одбранбени системи“ потпишала писмо за намери со германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ за купување на неговата фабрика во Оснабрик, во западна Германија, јавува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на два независни извори запознаени со преговорите.Ниту „Фолксваген“, кој неодамна најави опсежни планови за реструктурирање на своето автомобилско производство, ниту израелската државна компанија „Рафаел“ не сакаа да го коментираат договорот. Сепак...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Израелска одбранбена компанија преговара за купување фабрика на „Фолксваген“ во Германија


Сподели преку

Чарлс ја заврши посетата на САД со средба со Трамп

Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила ја завршуваат својата четиридневна државна посета на САД со кратка посета на Белата куќа, каде што ќе се простат од американскиот претседател Доналд Трамп, кој веќе беше домаќин на свечена вечера за нив пред два дена.Официјалната цел на кралската посета е одбележување на 250-годишнината од американската независност од британската колонијална власт. Посетата, исто така, имала цел да ги зајакне односите меѓу двете земји, кои кралот Чарлс ги опишал како „не...

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

Чарлс ја заврши посетата на САД со средба со Трамп


Сподели преку

Во Иран расте моќта на контроверзен генерал: „најлошото сценарио за Трамп“

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека постојат знаци на внатрешни тензии во иранското воено раководство, додека, според анализа на „Њузвик“, се издвојува нов клучен играч кој може значајно да го обликува правецот на Исламската Република, како на бојното поле, така и на преговарачката маса.Станува збор за бригадниот генерал Ахмад Вахиди, чие влијание, според анализата, нагло расте во рамките на сложената структура на моќ во Иран. Тој е именуван за командант на Корпусот на чувари на ис...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Во Иран расте моќта на контроверзен генерал: „најлошото сценарио за Трамп“


Сподели преку

Шефот на НАСА повторно ја отвора дебатата: Дали Плутон треба да биде планета?

Шефот на НАСА, Џаред Исакман, повторно отвори дебата која се сметаше за затворена пред повеќе од две децении – дали Плутон треба повторно да биде класифициран како планета. Тој го изнесе својот став за време на сослушување во американскиот Сенат, истакнувајќи дека силно ја поддржува таа идеја, пренесува „Фјучеризам“.„Апсолутно сум во таборот кој се залага Плутон повторно да стане планета“, изјави Исакман, додавајќи дека НАСА „во моментов работи на одредени документи“ со цел да се поттикне нова н...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Шефот на НАСА повторно ја отвора дебатата: Дали Плутон треба да биде планета?


Сподели преку

Почина Тим Улрихс, провокативен творец на современата уметност

Почина еден од најзначајните претставници на современата уметност, германскиот уметник Тим Улрихс, соопшти Уметничкото друштво на Хановер во четвртокот. Тој почина претходниот ден, на 87-годишна возраст.Улрихс повеќе од половина век ја обликувал уметноста со свои „одлучно провокативни дела“, наведува Друштвото, опишувајќи го како борбен, прониклив, суптилно духовит и строг творец.Тој се смета за една од клучните фигури на современата уметничка сцена во Германија, познат по својот неконвенционале...

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

Почина Тим Улрихс, провокативен творец на современата уметност


Сподели преку

(Видео) По седум години, авион од САД повторно полета за Венецуела

Директните авионски летови од САД кон Венецуела повторно се воспоставени утрово, за првпат по седум години, а првиот авион полета од Мајами кон Каракас, соопшти авиокомпанијата „Американ ерлајнс“.Според податоците, американскиот министер за транспорт, Шон Дафи, во јануари ја укинал забраната од 2019 година, со која им беше забрането на американските авиокомпании да летаат кон Венецуела, по налог на претседателот Доналд Трамп. Подоцна, во март, беше одобрено и барањето на „Американ ерлајнс“ за во...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

(Видео) По седум години, авион од САД повторно полета за Венецуела


Сподели преку

Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделството ги оставивте без здравствено осигурување?

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во врска со наводите за прекин на здравственото осигурување на вработените во Министерството.Според информациите на кои се повика Спасовски, станува збор за ситуација во која поголем број вработени останале без здравствено осигурување во изминатиот период.Тој наведе дека има информации оти од 23. овој месец до дене...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделството ги оставивте без здравствено осигурување?


Сподели преку

Маж обвинет за обид за убиство на Доналд Трамп останува во притвор

Коул Томас Ален, маж обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп за време на гала-вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, се согласил да остане во притвор до почетокот на судењето. Тој при краткото појавување пред судијката не се изјаснил за вината за нападот, кој го прекинал еден од најистакнатите годишни настани во Вашингтон.Обвинителите тврдат дека Ален со недели го планирал нападот и преку интернет го следел движењето на Трамп, пред во саботата навечер...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Маж обвинет за обид за убиство на Доналд Трамп останува во притвор


Сподели преку

Трамп удри по Мерц: Среди си ја распаднатата држава

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го нападна германскиот канцелар Фридрих Мерц во нова објава на неговата социјална мрежа, продлабочувајќи ја веќе вжештената реторичка пресметка меѓу Вашингтон и Берлин.Конфликтот избувна откако Мерц изјави дека Иран ги понижува САД со одолговлекување на преговорите во контекст на конфликтот поврзан со Иран. Трамп возврати без задршка, обвинувајќи дека германскиот канцелар „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“ и дека „не знае за што збор...

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

Трамп удри по Мерц: Среди си ја распаднатата држава


Сподели преку

(Видео) Снежни врнежи на Стража и Деве Баир на еден ден пред Први мај

Неочекувани снежни врнежи во моментов има на Стража, како и на граничниот премин Деве Баир изненадувајќи ги туристите, на само еден ден пред Први мај.Од УХМР информираат дека до крајот на денот времето ќе биде oблачно со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север, на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од слаб снег.До крајот на денот се очекува врнежите да престанат, облачноста да се намали и во текот на ноќта во поголем дел од земјава да пр...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

(Видео) Снежни врнежи на Стража и Деве Баир на еден ден пред Први мај


Сподели преку

Костадинова призна поткуп од 2.000 евра во случајот со европските фондови

Јасмина Костадинова обвинета во судскиот процес за корупција со европските фондови призна дека примила поткуп од 2.000 евра за манипулација со ранг-листата за финансиски средства. Костадинова, која работела во Министерството за земјоделство, сега бара судот да ѝ врати дел од запленетите пари за кои тврди дека се нејзини.Првообвинет за давање поткуп во овој случај е Џевдет Насуфи, поранешен министер и директор на фирмата „Сигнас-Арго“. Покрај него, обвинет за примање мито е и Илија Стоилев, поран...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Костадинова призна поткуп од 2.000 евра во случајот со европските фондови


Сподели преку

Зеленски откри што го забавува мировниот процес со Москва

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека мировните преговори со Русија се забавени, при што како главна причина ја посочи ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, вклучително и тензиите меѓу Израел и Иран.Во интервју за Блумберг, Зеленски рече дека Киев нема нови информации ниту од Москва ниту од Вашингтон за продолжување на разговорите, кои беа прекинати по последната рунда во Женева.Тој нагласи дека развојот на ситуацијата околу Иран може директно да влијае врз динамикат...

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

Зеленски откри што го забавува мировниот процес со Москва


Сподели преку

Трамп најверојатно меѓу кандидатите за Нобеловата награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе се најде меѓу номинираните за Нобеловата награда за мир за оваа година, јавува Ројтерс.Секретарот на Норвешкиот Нобелов комитет, Кристијан Берг Харпвикен, соопшти дека за наградата ќе се разгледуваат вкупно 287 кандидати, од кои 208 се поединци, а 79 организации.Тој посочи дека една од карактеристиките на процесот е постојаното обновување на листата на кандидати, додавајќи дека наградата останува релевантна и покрај зголемениот број конфликти в...

пред 1 месец | 18
skopje1.mk

Трамп најверојатно меѓу кандидатите за Нобеловата награда за мир


Сподели преку

Ученик донел пиштол во училиште во Србија, реагирала полицијата

Во основно училиште во Сјеница, Србија, ученик од седмо одделение донел пиштол во училиштето, потврдуваат неофицијални информации.Инцидентот се случил утрината околу 10 часот, а според информациите нема повредени и не било употребено оружјето.Раководството на училиштето веднаш реагирало и ги известило надлежните институции, по што полицијата излегла на терен и го презела случајот.Надлежните органи работат на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Ученик донел пиштол во училиште во Србија, реагирала полицијата


Сподели преку