Елена Ристеска: Простете ни што не се изборивме на време да промениме еден систем и дозволивме да нè уништи сите.

Нашата позната пејачка Елена Ристеска со емотивни зборови по повод годишнината од трагедијата во кочанската дискотека во која ги изгуби драгите колеги и пријатели...„Година дена после најголемата трагедија во Македонија и сѐ уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни, со остра болка во градите и со оваа вечна тага?Сите починати дечиња, сите повредени и живи а со уништени животи, ахх Панчо, Сара, Андреј, Филип, Александар, Жути простете ни на сите што на време не се изборивме да променим...

пред 2 месеци | 8
skopje1.mk

Елена Ристеска: Простете ни што не се изборивме на време да промениме еден систем и дозволивме да нè уништи сите.


Сподели преку

Кавадарчанец два пати во еден ден фатен без возачка дозвола

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит.По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.Откако бил ослободен, истиот ден во 20:10 часот на улица „Љубљанска“ во Кавад...

пред 2 месеци | 19
skopje1.mk

Кавадарчанец два пати во еден ден фатен без возачка дозвола


Сподели преку

„Времето не лекува кога родител изгубил дете, куќата без тебе не е куќа”, таткото на Надица Наунова со емотивна објава.

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на социјалните мрежи емотивно се огласи таткото на Надица Наунова, Александар Наунов, кој истакна дека времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете, и дека Надица ќе живее засекогаш во неговото срце и душа.„Ќерко моја, ѕвездо моја која сјае на небото…Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како д...

пред 2 месеци | 7
skopje1.mk

„Времето не лекува кога родител изгубил дете, куќата без тебе не е куќа”, таткото на Надица Наунова со емотивна објава.


Сподели преку

(Видео) Имињата кои никогаш нема да се заборават…

Во рамки на одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во Паркот на Револуцијата во Кочани беа поставени 63 бели столчиња како симболичен спомен на загинатите.За време на настанот, со трепет во гласот, водителите ги прочитаа имињата на сите загинати, потсетувајќи дека нивниот спомен никогаш нема да се заборави.Нивните имиња остануваат врежани во душата на Кочани и цела Македонија:Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан...

пред 2 месеци | 19
skopje1.mk

(Видео) Имињата кои никогаш нема да се заборават…


Сподели преку

Мицкоски: Болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа.

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“, каде се потпиша и во книгата на жалост.Тој истакна дека болката и празнината од загубата на 63 млади животи се уште се чувствуваат.„Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се ч...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Мицкоски: Болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа.


Сподели преку

Запалил туѓ имот во Челопек – приведено лице од Алгуња

На 15.03.2026 во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане.Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на...

пред 2 месеци | 18
skopje1.mk

Запалил туѓ имот во Челопек – приведено лице од Алгуња


Сподели преку

Следи промена на времето: дожд, снег и засилен ветер.

Во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Поради спуштање на ладна воздушна маса на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во дожд и снег, а на планините од снег.Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец. Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе има тенденција на оп...

пред 2 месеци | 17
skopje1.mk

Следи промена на времето: дожд, снег и засилен ветер.


Сподели преку

„Тие 30 дена беа најтешки од мојата кариера“, Чибишев за трагедијата во „Пулс“

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, на социјалните мрежи се огласи докторот Андон Чибишев кој изрази благодарност кон целиот медицински персонал и институциите кои помогнале, а истовремено упати сочувство до семејствата на загинатите.„Денес се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која згаснаа многу млади животи а голем број присутни таму таа вечер беа повредени.Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариер...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

„Тие 30 дена беа најтешки од мојата кариера“, Чибишев за трагедијата во „Пулс“


Сподели преку

(Фото) Акции против бесправна сеча: одземени три моторни возила и голема количина дрва.

Во текот на две одделни акции одземени се три моторни возила, поголема количина дрва и поднесени пријави за повеќе лица, вели заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.„Шумската полиција со службите на ПШС "Беласица" Струмица одземаа едно моторно возило и поголема количина складирани бесправно посечени огревни дрва.На Скопска Црна Гора, службите на полициска станица Мирковци одземаа едно моторно возило со кое се превезуваа бесправно посечени дрвни сортименти.Покрај овие акции, акти...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

(Фото) Акции против бесправна сеча: одземени три моторни возила и голема количина дрва.


Сподели преку

(Фото) Емотивен момент во Кочани: Наунова му закачи на Мицкоски беџ со скршено срце

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на Молитвата за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс, која се одржа во Паркот на Револуцијата во Кочани.По завршувањето на молитвата, Мицкоски се потпиша во книгата на жалост и се поздрави со родителите и семејствата на загинатите.Мајката на Надица Наунова, Габриела Наунова, му закачи на реверот беџ со скршено срце на кое пишуваше „Кочани 16.03.2025“.Настанот беше дел од програмата на одбележување на годишнината од...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

(Фото) Емотивен момент во Кочани: Наунова му закачи на Мицкоски беџ со скршено срце


Сподели преку

(Видео) Молитва за упокоените жртви од „Пулс“ пред комеморативниот настан

Во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа Молитва за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс. Овој настан е како дел од програмата пред централниот комеморативен настан што треба да се одржи во НУЦК „Бели мугри“.На молитвата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Дафкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Кочани, како и родителите на загинатите.

пред 2 месеци | 18
skopje1.mk

(Видео) Молитва за упокоените жртви од „Пулс“ пред комеморативниот настан


Сподели преку

Муцунски разговараше со Хоџа за важноста на македонското малцинство во Албанија како мост на пријателство.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа. Двајцата министри го потврдија заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување. Во разговорот стана збор и за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија. Воедно беше и...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

Муцунски разговараше со Хоџа за важноста на македонското малцинство во Албанија како мост на пријателство.


Сподели преку

„Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли, не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника...“, вели Најчевска.

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, професорката Мирајна Најчевска се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус. Таа потенцира дека бројките не можат да го заменат човечкиот живот и сеќавањето, нагласувајќи дека загинатите не се „63 лица“, туку конкретни луѓе со име, лице, желби и иднина.„Од мене мајката до мајките, татковците, сестрите, браќата, сопругите, децата, пријателите, соучениците, наставниците, роднините, комшиите на Стефанија, Тоше, Филип, Сара, Д...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

„Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли, не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника...“, вели Најчевска.


Сподели преку

42 возачи приведени, речиси 1.200 прекршоци изминатиот викенд

Во текот на изминатиот викенд периодот (14/15.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола, еден поради претходн...

пред 2 месеци | 17
skopje1.mk

42 возачи приведени, речиси 1.200 прекршоци изминатиот викенд


Сподели преку

(Видео) Родителите и семејствата седат пред празните столчиња на нивните загинати чеда во „Пулс”.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс, во Паркот на Револуцијата во Кочани, се поставени 63 бели столчиња како симболичен спомен на загинатите.На столчињата е напишано името на секој од загинатите, неговата година на раѓање и е поставена по една бела ружа. Столчњата се свртени кон родителите и семејствата, кои седат пред нив, оддавајќи им почит на своите изгубени чеда.Овој настан е дел од меморијалната програма на одбележување на годишнината под името „63 б...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

(Видео) Родителите и семејствата седат пред празните столчиња на нивните загинати чеда во „Пулс”.


Сподели преку

Со меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“ завршува тридневната програма во Кочани.

Денес се одбележува годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс. Програмата што траеше три дена завршува денес со низа меморијални настани и комеморации.Ноќеска, од 02:15 до 02:32 часот, пред објектот „Пулс“ се одржa настанот „Светлина што останува“, кој претставува централно одбележување на трагичниот ден.Во утринските часови започна трка на релација Штип – Облешево – Кочани, како дел од меморијалната програма.Во 08:45 часот, во Паркот на Револуцијата беа поставени 63 бели столчиња како симб...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Со меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“ завршува тридневната програма во Кочани.


Сподели преку

(Фото) „Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко“, гитаристот на ДНК се сретна со докторите кои му го спасија животот.

Горан Тонев, гитаристот на ДНК и еден од преживеаните на трагичниот пожар во дискотеката Пулс на 16 март 2025 година, објави фотографии со докторите и медицинскиот персонал од болницата Папаниколау во Солун, кои се грижеле за него по несреќата.„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата, кој покрај моето семејство, ми даде огромна поддршка во процесот на закрепнување. Мојата благодарност ко...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

(Фото) „Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко“, гитаристот на ДНК се сретна со докторите кои му го спасија животот.


Сподели преку

„Најдолгата година“ – сопругата на Андреј од ДНК сподели фотографија на годишнината од трагедијата во Пулс.

Денес се одбележува годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс, во која загинаа 63 лица.Сопругата на Андреј од ДНК објави фотографија од нив двајца на која напиша:„Најдолгата година“.Андреј Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, го жртвуваше својот живот за да спаси други деца кои беа на нивниот настап во дискотеката, кога се случи трагичниот пожар..Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак, и ќеркичката Јана, родена на 29 ноември 2015 година.

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

„Најдолгата година“ – сопругата на Андреј од ДНК сподели фотографија на годишнината од трагедијата во Пулс.


Сподели преку

Пезешкијан разговараше со Макрон: Иран ќе го брани својот територијален интегритет.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави за време на разговор со францускиот претседател Емануел Макрон дека Иран ќе го брани својот територијален интегритет и националната безбедност и дека „не се двоуми“ да им се спротивстави на агресорите.Како што денеска пренесе иранската телевизија Прес ТВ, Пезешкијан во разговорот доцна синоќа детално му ги објаснил на Макрон размерите на тековната американска и израелска агресија врз Иран, за која рекол дека е незаконска, и нагласил дека агресорите п...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Пезешкијан разговараше со Макрон: Иран ќе го брани својот територијален интегритет.


Сподели преку

(Видео) Со „Ѕвездено небо“ и песната „Милион денови“ од ДНК, Виница им оддаде почит на жртвите од „Пулс“

Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница вчеравечер се одржа комеморативен настан во сеќавање на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по повод една година од несреќата што ја потресе целата земја.Настанот беше организиран од Општина Виница, а присутните со едноминутен молк им оддадоа почит на сите кои ги загубија животите во трагедијата.За време на комеморацијата, присутните ги вклучија светлата на своите мобилни телефони и ја осветлија салата, создавајќи симболично „ѕв...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

(Видео) Со „Ѕвездено небо“ и песната „Милион денови“ од ДНК, Виница им оддаде почит на жртвите од „Пулс“


Сподели преку

10 дена бев во кома, но Господ имаше други планови. Таа ноќ никогаш нема да се заборави, вели преживеан од пожарот во „Пулс“.

Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Иван Стојменов, по една година од кобната ноќ се огласи на социјалните мрежи и се потсети на тешката борба за живот по пожарот, периодот поминат во кома и лекувањето, истакнувајќи дека денес е благодарен што добил втора шанса за живот, но и дека никогаш нема да ги заборави жртвите од трагедијата.„Помина една година од ноќта што засекогаш ми го промени животот.Ноќта кога во дискотеката „Пулс" избувна пожар и се за неколку секунди...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

10 дена бев во кома, но Господ имаше други планови. Таа ноќ никогаш нема да се заборави, вели преживеан од пожарот во „Пулс“.


Сподели преку

Најладно утрово во Берово: измерени -4 степени.

Утрово најниска температура во земјава е измерена во Берово, каде термометрите покажале -4 степени Целзиусови, информираат од метеоролошките служби. Студено било и во Маврови Анови со -2 степени, како и на Попова Шапка, во Крива Паланка и Лазарополе каде се измерени -1 степен.Температура од 0 степени е регистрирана во Битола, Тетово и Крушево, додека 1 степен се измерени во Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес и Претор. Со 2 степени утрото го дочекаа Куманово, Охрид, Ѓуриште, Кавад...

пред 2 месеци | 18
skopje1.mk

Најладно утрово во Берово: измерени -4 степени.


Сподели преку

Ќе побараме оставка од раководството на СДСМ, вели Шилегов.

Поранешниот функционер на СДСМ, Петре Шилегов, во вечерната „Тема на денот“ на Сител рече дека оваа оопозициска партија „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро, како што рече, поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство.„Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да доојдат некои други да ја раководат партијата“, рече Шилегов.Додаде дека тоа ќе биде „процес“ воден од л...

пред 2 месеци | 18
skopje1.mk

Ќе побараме оставка од раководството на СДСМ, вели Шилегов.


Сподели преку

Тоневски: Денес со свеќа во рака, наведнати глави и срца полни со тага, им оддаваме почит на нашите млади сограѓани.

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, преку објава на социјалните мрежи им оддаде почит на жртвите од трагедијата што се случи пред една година, истакнувајќи дека градот никогаш нема да ги заборави прерано згаснатите животи. Тој порача дека болката и спомените остануваат длабоко врежани во срцата на граѓаните на Пробиштип.„Една година тишина, вечност во споменитеПонекогаш времето не ги лекува раните, туку само не учи како да живееме со празнината. Овој 16-ти март носи тежина која не се оп...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Тоневски: Денес со свеќа во рака, наведнати глави и срца полни со тага, им оддаваме почит на нашите млади сограѓани.


Сподели преку