Стармер и Трамп разговарале за отворање на Ормускиот теснец
Британскиот премиер Кир Стармер вечерва телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопшти кабинетот на британскиот премиер.Од кабинетот наведуваат дека двајцата лидери разговарале за „важноста од повторно отворање на Ормускиот теснец за да се прекинат нарушувањата во глобалната поморска трговија кои ги зголемуваат трошоците ширум светот“.Стармер изразил и сочувство поради американските војници загинати во текот на конфликтот. „Се согласиј...