Општина Струмица се вклучи во „Генералка Викенд 2026“ – се чистеше на повеќе локации низ градот
Општина Струмица денеска се вклучи во националната акција за чистење на отпад „Генералка Викенд 2026“, која се реализираше во дворовите на основните училишта во градот, како и на повеќе јавни локации во соработка со ЈПКД „Комуналец“ и ученици од СОУ „Јане Сандански“. Во рамките на акцијата се чистеше на улицата кај „Агрокор“, на улицата „Цветан Димов“, околу стадионот и во самиот стадион, како и на улицата „Климент Охридски“, на влезот во Струмица од правец на Валандово, во близина на „Жито Стру...