(Видео) Ќе излезат многу работи за Мијалков во наредниот период, убеден сум, вели Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека во наредниот период јавноста ќе дознае нови информации поврзани со Сашо Мијалков, но нагласи дека истрагата е исклучиво во надлежност на обвинителството.Тој претходно побара Обвинителството да го испита потеклото на имотот на поранешниот директор на УБК, од каде му одговориле дека постапуваат врз основа на докази, а не по повици.„Прибирањето докази е работа на обвинителството, не моја, и немам намера да се мешам. Но убеден су...