Трамп ја засилува реториката за излез од НАТО, но законот од 2023 му ги врзува рацете – потпис ставил и Рубио
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја засили реториката за можно напуштање на НАТО, но таквото сценарио се судира со законска пречка усвоена во 2023 година, која ја ограничува можноста Соединетите Држави да се повлечат од Алијансата без јасна поддршка од Конгресот.Според одредбата усвоена како дел од Законот за национална одбрана, одлука за излез од НАТО може да биде донесена само со поддршка од две третини од Сенатот или со посебна одлука на Конгресот. Тоа, во пракса, значи дека пр...