Исчистени ридовите над Струмица: Успешна еко акција „Чисти ридови за сите 5“
Еко акцијата „Чисти ридови за сите 5“, која се реализираше на рутата Лозињата – Чамчифлик, па сѐ до манастирот „Св. Илија“ на западниот рид над Струмица, успешно беше спроведена во организација на велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица. На акцијата се приклучија граѓани – љубители на природата, како и претставници од Црвениот крст на Македонија – Општинска организација Струмица. Настанот беше поддржан од Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ Струмица. Во текот на акцијата беше собрана значителна...