Вилма Русковска не се плаши од сведокот кој сега тврди дека лажел за „27 април“, а на премиерот му „испрати порака“
Поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска, по кривичната пријава што ја поднесе осудениот за настаните од 27 април, Јане Ченто, кој ја обвинува за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба, вели дека нема од што да се плаши.Русковска, прашана од „Скопје1“ дали се „пазарела“ со сведок, кој сега преку изјава заверена на нотар признава дека лажно сведочел вели: „Неколку обвинети добија помали казни затоа што сведочеа за настанот во текот на главната расправа и тоа според ЗКП е...